☯☼☯ SEO and Non-SEO (Science-Education-Omnilogy) Forum ☯☼☯



☆ ☆ ☆ № ➊ Omnilogic Forum + More ☆ ☆ ☆

Your ad here just for $2 per day!

- - -

Your ads here ($2/day)!

Author Topic: Македонски вицеви  (Read 487 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Nadia

  • Сладко миньонче
  • SEO hero member
  • *****
  • Posts: 621
  • SEO-karma: +192/-0
  • Gender: Female
  • Миньонче
    • View Profile
    • СУ
Македонски вицеви
« on: September 16, 2018, 10:27:43 PM »

Македонски вицеви


Македонски вицеви:

Бабо, сакаш ли да ти направам Фејсбук?
– Направи внучко, само без сол.


Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
– Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
– Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
– Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
– Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци!



- Што му се дава на слон кога има пролив?
- Многу место.



– Докторе, ја повредив раката, што треба да правам?
– А, ништо оваа мора да се отсече.
Трпе избегал од ординацијата и отишол кај друг доктор да се пожали.
– Докторе, ја повредив раката, отидов кај еден ваш колега и тој сакаше да ми ја отсече!
– Како ќе ја отсече?! Еве испиј ги овие апчиња и по недела дена сама ќе падне.



- Што е врв на машката верност?
- Три пати се преженува, а цело време има иста љубовница!


Полицаец застанува бабичка од 89 години и и вели:
– Па добро госпоѓо, зошто возите толку брзо?
Бабата: - Ма дај пушти ме, дур сеуште памтам кај сум тргнала!


Во школо учителката го прашува Трпе да наброи неколку славни личности:
- Па учителке, Роналдињо, Бекамп, Анри...
- А ти си читал за Пикасо, Моцарт ...
- Не, не, резервите не ги знам, учителке!


;D :) ;D :) ;D :) ;D :) ;D :) ;D :) ;D
Mieux vaut être seul que mal accompagné.
 

Tags:
 

Your ad here just for $1 per day!

- - -

Your ads here ($1/day)!

About the privacy policy
How Google uses data when you use our partners’ sites or apps
Post there to report content which violates or infringes your copyright.